Военото крило на Хамас вечерва објави дека одлучило да го одложи денешното планирано второ ослободување на заложниците додека Израел не дозволи камиони со помош да влезат во северниот дел на Појасот Газа.
Како што е наведено, ослободувањето на заложниците ќе биде одложено додека Израел не ги исполни договорените услови за ослободување на палестинските затвореници.
Претставник на Хамас, во изјава за Би-Би-Си, исто така рече дека Израел направил значителни промени во договорениот список на палестински затвореници што треба да бидат ослободени.
Тој, исто така, тврди дека израелските одбранбени сили убиле двајца Палестинци во Беит Ханун во Газа, област каде што на Палестинците им е дозволено да се движат.
Израел негираше дека го прекршил договорот за прекин на огнот.
Првата група од 13 израелски заложници држени во Газа беа ослободени во петокот во замена за 39 палестински затвореници од затворите во Израел.