Клучниот преговарач на Хамас за судбината на повеќе од 200 заложници што групата ги држи во Газа вели дека сите цивили меѓу нив ќе бидат ослободени – доколку се исполнат соодветните услови.
Калед Мешал е моќна фигура во Хамас, почитуван како жив маченик откако го преживеа обидот за атентат на Израел пред речиси три децении.
Во неговото прво интервју за западна телевизија по нападите на 7 октомври, тој изјави за Скај њуз дека цивилите кои ги држел Хамас ќе бидат ослободени доколку Израел го намали бомбардирањето на Газа.