Хамас бесен поради изјавата на Бајден: „Тоа е погрешно“

bajden34.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хамас тврди дека е лага изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека тие не сакаат договор за прекин на огнот во Појасот Газа.


Бајден, одговарајќи на прашања во врска со преговорите за прекин на огнот, рече: „Израел вели дека може да договори, тие се подготвени. Но, кажано ми е дека сега Хамас се повлекува“.

Качувајќи се во авион по одржаниот говор на Демократската национална конвенција во Чикаго во понеделникот, тој додаде: „Ќе видиме. Ќе го продолжиме притисокот“.

Хамас рече дека зборовите на Бајден не ја одразуваат нивната вистинска позиција, а тоа е дека сакаат да постигнат прекин на непријателствата.

„Предлогот што ни беше претставен неодамна не соодветствува со она што страните го договорија на 2 јули. Тоа се смета за американски одговор и е во согласност за новите услови на терористот Нетанјаху и неговите криминални планови за Појасот Газа“, додаде Хамас.

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, кој е во својата деветта посета на регионот од почетокот на војната, изрази оптимизам по состанокот со израелските власти во понеделникот. Тој во вторникот го посети Каиро, пред преговорите планирани за четврток. Клучните спорни прашања сè уште не се решени.

САД претставија компромисни предлози за кои, заедно со Катар и Египет, веруваат дека можат да ги премостат разликите меѓу Израел и Хамас и да стават крај на конфликтот што го дестабилизира целиот регион.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK