Хамас тврди дека 13 заложници биле убиени во израелските воздушни напади во Газа, додавајќи дека меѓу нив имало и странски државјани.
Израел вчера објави дека милитантите на Хамас киднапирале најмалку 97 заложници во саботниот напад на Израел, криејќи ги повеќето од нив во подземните тунели под Газа.
Меѓу заложниците има Американци и Британци. Хамас претходно се закани дека ќе ги убие заложниците доколку Израел бомбардира домови во Газа без предупредување.