Руските власти на Крим ќе прогласат вонредна состојба поради излевање на мазут во Црното Море, откако два танкери потонаа во Керченскиот теснец, соопшти денеска гувернерот на Крим, Сергеј Аксенов.
„Вчера разговаравме со сите наши колеги, со одлука на претседателот на Руската Федерација Владимир Путиn ќе биде воведена вонредна состојба на федерално ниво“, рече Аксенов, пренесува Интерфакс.
Во средата вечерта во Краснодарската територија беше прогласена вонредна состојба, а министерот за вонредни ситуации пристигна во градот Анапа за да ја надгледува работата за отстранување на последиците од излевањето нафта, пренесува Танјуг.
Во средината на декември танкерите Волгоњефт 212 и Волгоњефт 239 потонаа во Керченскиот теснец, а еден член на екипажот загина.