Војната што ја почна Русија во Украина „ги интензивира геополитичките тензии и поделби, ја загрозува регионалната стабилност, го подигнува нивото на нуклеарната закана и создава длабоки јазови во нашиот сè повеќе мултиполарен свет“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во воведното обраќање на состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на конфликтот.
Гутереш прв говореше на седницата на Советот за безбедност посветена на Украина, која се одржува за време на годишниот собир на водачите на Генералното собрание на ОН, а денеска за првпат на седницата на Советот за безбедност на ОН присуствуваше лично украинскиот претседател Володимир Зеленски.