Гутереш ја осуди „неуставната промена на власт“ во Нигер

niger
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди неуставната промена на власта во Нигер“, изјави неговиот портпарол откако армијата објави дека го соборила претседателот Мохамед Базум.

Портпаролот на Гутереш, Стефан Дужарик, рече дека генералниот секретар на ОН е длабоко загрижен поради приведувањето на претседателот Базум од страна на членовите на претседателската гарда.  „Генералниот секретар повикува на итен прекин на секоја акција што ги крши демократските принципи во Нигер“, додаде Дужарик.


Војската во западноафриканската држава Нигер на националната телевизија објави дека извршила државен удар. Тие објавија дека го распуштиле уставот, ги суспендирале сите институции и ги затвориле границите на државата. Претседателот на Нигер Мохамед Базума е задржан во палатата во главниот град Ниамеј од претседателските гардисти, а регионалните лидери организираа брза посредничка мисија за да се обидат да спречат уште едно потенцијално насилно преземање власт во Западна Африка.

Африканската унија и западноафриканскиот регионален блок ECOWAS го осудија, како што го нарекоа обидот за државен удар, повикувајќи ги бунтовниците да го ослободат Базума и да се вратат во нивните касарни.

САД повикаа на ослободување на претседателот, додека Европската Унија, Франција и други го осудија бунтот и рекоа дека со загриженост ги следат настаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK