Гутереш го повика Израел да ја преразгледа одлуката за ширење на еврејските населби на Западниот брег

guteresh
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го повика Израел да го прекине спроведувањето и да ја разгледа, како што рече, алармантната и вознемирувачка одлука за ширење на еврејските населби на Западниот Брег, изјави заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак, цитиран од британските медиуми.

„Генералниот секретар повтори дека еврејските населби претставуваат флагрантно кршење на меѓународното право. Тие се значајна пречка за реализација на одржливо решение со две држави и праведен, траен и сеопфатен мир“, се наведува во изјавата на портпаролот.


„Проширувањето на овие нелегални населби е сериозен извор на тензии и насилство и ги влошува хуманитарните проблеми“, рече Хак.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK