Гутереш го повика Иран да се откаже од развојот на нуклеарно оружје

Гутереш-2024-година-нека-биде-година-на-враќање-на-довербата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иран мора да го направи првиот чекор кон подобрување на односите со земјите од регионот и со Соединетите држави, со тоа што јасно ќе стави до знаење дека нема за цел да развие нуклеарно оружје, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.


Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека се надева дека Иран ќе се ангажира конструктивно со другите земји во регионот.

Во врска со Појасот Газа, Гутереш рече дека се надева оти конфликтните страни ќе разберат дека ќе имаат корист од траен прекин на огнот што може да го отвори патот за преговори за решение со две држави.

Гутереш  ги повика израелските безбедносни сили да покажат максимална воздржаност на окупираниот Западен Брег, каде што започнаа голема воена операција во Џенин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK