Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го назначи поранешниот британски дипломат Том Флечер за нов шеф на ОН за хуманитарна помош.
Флечер, кој моментално е директор на колеџот Хертфорд во Оксфорд и потпретседател на Советот на универзитетскиот колеџ во Оксфорд, го замени Мартин Грифитс, кој поднесе оставка од функцијата на крајот на јуни поради здравствени причини, пренесе АП.
Заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак, кој го објави назначувањето, рече дека вршителот на должноста шеф на хуманитарната помош, Џојс Мсуја, ќе остане на функцијата додека Флечер не ја преземе функцијата.