Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека е „апсолутно суштинско“ да се избегне отворена војна во Либан, која би имала длабоки и застрашувачки последици.
„Мора да се обезбеди безбедноста и безбедноста на целиот персонал на ОН. Нашите мировни мисии ќе останат на своите позиции, знамето на ОН ќе продолжи да се вее и покрај барањето на Израел да се преселиме“, рече Гутереш, а пренесе Ројтерс.
Тој го осуди синоќешниот ирански напад врз Израел и повика на прекин на непријателствата во Либан.
„Време е и за прекин на огнот во Газа, за ослободување на заложниците и за испорака на помош за Палестинците. Смртоносниот циклус на меѓусебно насилство мора да престане, времето истекува“, рече Гутереш.
Претходно денеска израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави дека на Гутереш му е забранет влезот во земјата затоа што „недвосмислено“ не го осудува ракетниот напад на Иран.
Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направија речиси сите земји во светот, не заслужува да стапне на израелска почва, изјави Кач, пренесува Танјуг.
Иран вчера истрела повеќе од 180 балистички проектили врз Израел додека ескалираа судирите меѓу Израел и либанската група Хезболах, поддржана од Иран.