Гроси: Ја гледам подготвеноста на Иран повторно да се вклучи во нуклеарното прашање

677z381_677z381_677z381_grosi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија на ОН (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека гледа поголема подготвеност на иранските власти за позначајно ангажирање со МААЕ по разговорите во Њујорк кога станува збор за иранската нуклеарна програма.


Во интервју за Ројтерс, Гроси изрази надеж дека во октомври ќе отпатува за Техеран на средби со ирански претставници.

Гроси рече дека иранската нуклеарна програма продолжува да се развива со предвиденото темпо, поради што би сакал да ги забрза напорите во наредните недели да се постави основа за разговори меѓу Иран и западните земји за иранската нуклеарна програма.

Директорот на Иранската организација за атомска енергија, Мохамед Еслами, претходно овој месец изјави дека има планови Гроси да го посети Иран, како и дека иранскиот амбасадор во МААЕ се сретнал со Гроси како дел од подготовките за посетата, пренесува Танјуг.

Еслами изјави дека МААЕ постојано објавува дека нема отстапувања во иранската нуклеарна програма и дека надзорот на МААЕ над иранските нуклеарни локации останува недопрен, а бројот на инспектори не е намален, туку зголемен, објави претходно иранската јавна новинска агенција „Фарс“.

Еслами отфрли каков било политички притисок или принуда во врска со прифаќањето на инспекторите на МААЕ, тврдејќи дека Иран има законско право да прифати или одбие кој било инспектор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK