Грешка во кујната е причина за пожарот во хотелот Гранд Картал во ски-центарот Болу во Турција

4-1-22.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Пожарoт во хотелот Гранд Картал во турскиот скијачки центар Карталкаја во општина Болу, во кој загинаа 78 лица, е предизвикан од грешка во кујната на хотелот, јавуваат денеска турските медиуми, повикувајќи се на резултатите од истрагата.


За време на подготовките за појадокот во хотелот Гранд Картал се запалило врелото масло, а пламенот се проширил откако вработените во кујната по грешка се обиделе да го изгаснат огнот со вода, пренесува турскиот портал Тренд.

Според истрагата, пожарот настанал од прскање врело масло на скарата при подготовка на појадокот, а пожарот се проширил поради неправилна интервенција на персоналот во кујната, кој не користел противпожарен апарат, туку вода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK