Мета се извини откако го вметна зборот „терорист“ во описот на профилот на некои палестински корисници на Инстаграм, што го обвини за „грешка во автоматскиот превод“.
Проблемот ги погоди корисниците на кои во описот на нивниот профил е напишан зборот „Палестинец“, палестинското знаме и зборот „алхамдулила“ на арапски.
„Фала му на Бога, палестинските терористи се борат за својата слобода“, гласи реченицата по автоматскиот превод, пренесува Гардијан.