Границите меѓу ЕУ и Белорусија ќе бидат затворени во случај на инциденти со Вагнер

polska_242424243
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Полска, Литванија и Летонија би можеле да донесат заедничка одлука за затворање на границите со Белорусија доколку има сериозни инциденти поврзани со руската паравоена група „Вагнер“ долж нивните граници.

Ова денеска го најави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.


– Доколку има сериозни инциденти со групата „Вагнер“ на границите на земјите од НАТО и Европската унија, како Полска, Литванија или Летонија, несомнено ќе преземеме акција заедно, рече Камински.

Тој додаде дека не е исклучена можноста за целосна изолација на Белорусија.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, министерот за одбрана Мариуш Блашчак и министерот за внатрешни работи Мариуш Камински денеска го посетија пограничниот регион со Белорусија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK