Големо невреме во Словачка: поплавени улици, дрва паднаа врз куќи

nevreme-oluja.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невремето и обилните врнежи предизвикаа хаос и голема материјална штета во Словачка во средата, објавија денеска словачките власти.


Окружната болница мораше да биде затворена поради поплави, многу патишта беа поплавени, а железничкиот сообраќај беше во прекин.

Дрва паднаа врз куќи, искршија градини и игралишта, јави тв станицата „ТА3“. На некои места за само неколку часа падна дожд како за еден месец.

Метеоролошката служба предупреди за денеска дека доаѓа ново невреме со обилни врнежи.

„Штетите на јавниот и приватниот имот се многу големи“, изјави градоначалникот на Нитра за агенцијата ТАСР. „Но, барем можам да кажам дека досега нема жртви и цврсто верувам дека така и ќе остане.

Пожарникарите најавија дека канализацијата во Нитра не може да се справи со големото количество дожд.

Поради ова поплавени биле улици, подруми и пониски делови од згради во градот и околните населени места.

Понатаму на југ, поплавите парализирале болница на околу 100 километри од Братислава. Пристапот до посетители и нови пациенти бил забранет и сите операции биле откажани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK