Голема рација во Германија, полицијата претресува објекти поврзани со исламистите

Голема-рација-во-Германија-полицијата-претресува-објекти-поврзани-со-исламистите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германското Министерство за одбрана  соопшти дека врши претреси во 54 објекти поврзани со Исламскиот центар во Хамбург.


Според извештаите, Исламскиот центар е осомничен за дејствување против уставниот поредок и за поддршка на проиранската милитантна група Хезболах, пренесува Ројтерс.

Според „Шпигел“, полициските службеници извршиле претрес и во седиштето на шиитската исламска заедница во Германија.

Весникот наведува дека германските власти се надеваат дека ќе најдат докази кои ќе бидат доволни за целосно затворање на Исламскиот центар.

Минатата година во Бундестагот беше поднесен предлог за затворање на Исламскиот центар, за кој се тврди дека е центар на иранскиот режим во Германија.

По нападот на палестинскиот Хамас врз Израел на 7 октомври, Бундестагот едногласно побара од федералната влада „да работи на затворање на Исламскиот центар во Хамбург“.

Исламскиот центар ги отфрла наводите дека тие се инструмент на иранската влада и велат дека тоа се „неправедни обвинувања“.

„Исламскиот центар ги осудува сите форми на насилство и екстремизам и секогаш се залагал за мир, толеранција и меѓурелигиски дијалог“, соопшти организацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK