Вчера во Лондон исчезна шестгодишното девојче Ејдин, соопшти британската полиција.
Девојчето има шест години. Таа исчезна во Гринвич, југоисточен Лондон.
Полицијата соопшти дека е крајно загрижена за малото девојче.
Малата Еудина, била пријавена за исчезната вчера во 22.40 часот по локално време, но последен пат била видена порано, околу пладне, кога надзорните камери ја фатиле сама на улицата во Дефенс Клоус, Темзмид.
Полицијата апелираше до жителите веднаш да ги контактираат доколку имаат информации за тоа каде се наоѓа.
„Ако живеете во или во близина на Темзмид, ве молиме проверете ги градините, бараките и заклучените области, како и секоја снимка од видео надзор“, соопшти полицијата.
Ејдин е облечена во светло розеви пижами и носи бела чанта на рамо со дизајн на маргаритка.
„Ние сме крајно загрижени за нејзината благосостојба и полицајците спроведуваат итни увиди за нејзино лоцирање“, соопшти полицијата.