Голем удар врз Хезболах, над 2.000 лиц се ранети, пејџери им експлодирале во рацете, повреден и амбасадорот на Иран

hezbolh-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во експлозијата на пејџери на неколку локации во Бејрут, повредени се повеќе од две илјади луѓе, меѓу кои и иранскиот амбасадор во Либан, Мојтаба Амани.


Најмалку осум лица загинаа, а 2.750 се повредени денеска во експлозии на пејџери кои се користат за комуникација низ Либан, изјави за „Ројтерс“ извор од безбедносните сили. Официјален претставник на Хезболах, кој сакаше да остане анонимен, рече дека детонациите на пејџер се „најголемото нарушување на безбедноста“ што Хезболах го доживеа во речиси едногодишната војна со Израел.

Локалните жители велат дека последната експлозија се случила 30 минути по првата, додека некои од нив се обидувале да откријат дали меѓу повредените има и членови на нивните семејства. Бранот на експлозии траел околу еден час по првите детонации. Засега не е јасно како се активирале уредите.

Експлозиите се случија во време на засилено насилство меѓу Израел и Хезболах, кои војуваат преку границата од избувнувањето на војната во Газа минатиот октомври, во најлошата ваква ескалација во последните години. Израелската војска не одговори на барањата на Ројтерс за коментар. Хезболах првично се воздржуваше да го обвини Израел дека стои зад нападот. Но, сега тие ја обвинија земјата дека е одговорна и рекоа дека ќе добијат „праведна казна“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK