Голем одрон во Грузија, најмалку шест загинати, се трага по уште 30 лица

gruzija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку шест лица загинаа, а 30 се сметаат за исчезнати во oдрон на земјиште во планинската област Раче, во северозападна Грузија, соопштија властите на таа земја на Кавказ.

Две тела се пронајдени вчера, а четири денеска, потврди грузиското Министерство за внатрешни работи.



„Во погоденото подрачје, во општина Они, спасувачите без одмор ја продолжуваат акцијата за пребарување и спасување. Досега се пронајдени шест тела“, објави Министерството на Фејсбук.

Министерот за инфраструктура Иракли Карселадзе пристигна на местото на несреќата и рече дека досега било невозможно да се стапи во контакт со 35 лица.

До одронот на земјиштето дојде во четвртокот недалеку од хотел Чови, мало туристичко место во планините на провинцијата Рача. Во таа несреќа беа уништени планински куќи, а искршени и уништени се електрични кабли, патишта и мостови.

„Операцијата продолжува втор ден по ред. Во неа учествуваат околу 400 пожарникари и спасувачи, како и припадници на различни полициски единици“, се вели во соопштението на МВР. Се додава и дека полицијата помага за евакуација на населението од погоденото подрачје. Досега се евакуирани околу 140 лица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK