„Го уапсивте Дуров, би можеле и Цукерберг“: Медведев ја повика Франција да го приведе сопственикот на „Мета“

dmitrij-medvedev.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, предложи денеска, по приведувањето на сопственикот на Телеграм, Павел Дуров во Франција, властите на таа земја да го уапсати основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг поради активностите на таа социјална мрежа, на која, како што рече, се работи слични на оние за кои беше обвинет Дуров.

„Нека го уапсат Цукерберг кога ќе дојде кај нив, истото се случува и на Фејсбук“, рече Медведев на средбата со кандидатите на партијата „Единствена Русија“, коментирајќи го притворот на Дуров.

Тој посочи дека апсењето на Дуров во Франција е политичко прашање и покрај демантот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Ова е политичка приказна, што и да каже Макрон таму, дека тоа е чисто правно прашање, дека не може да се влијае на одлуката на судот, рече Медведев.

Медведев додаде дека сега ситуацијата околу притворот на Дуров во Франција „наликува на политички прогон на оние структури и оние типови на информациски бизнис кои функционираат на еден или друг начин во интерес на Руската Федерација“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави за РИА Новости дека Москва испратила нота со која бара пристап до бизнисменот, но Париз го смета неговото француско државјанство за главно.

Основачот на Телеграм има пасоши на Руската Федерација, Франција, Обединетите Арапски Емирати и Сент Китс и Невис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK