На нејзиниот 22-ри роденден, Ширел Голан, девојката која го преживеа масакрот во Израел, беше пронајдена мртва. Нејзината борба со посттрауматско стресно растројство, последица на масакрот извршен од Хамас на 7 октомври 2023 година, заврши со трагедија. Нејзиниот брат Ејал Голан ја обвинува државата Израел за нејзината смрт, тврдејќи дека не ја добила потребната помош, пренесуваат светските агенции.
Ширел Голан беше една од девојките кои го преживеаја масакрот на фестивалот, каде терористите на Хамас убија 364 луѓе.
Откако ја преживеала траумата, таа покажала симптоми на посттрауматско стресно растројство, но според нејзиниот брат, не добила соодветна помош од државата. На нејзиниот роденден таа се самоубила.
„Државата Израел двапати ја уби сестра ми. Еднаш во октомври, психички, а втор пат денеска, на нејзиниот 22 роденден, физички“, изјави Ејал Голан за локалните медиуми.
Ширел била на фестивалот со своето момче Ади, кога терористите на Хамас извршиле инвазија. Со часови се криеле во грмушките, а потоа со други луѓе избегале со автомобил.