Главниот осомничен за нападот на концертот признал сe’, неодамна дал отказ објаснувајќи дека има многу планови

1-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф денеска изјави дека главниот осомничен признал се’ и детално ги опишал плановите за нападот. Тој потврди и дека информации за нападите добиле од тајната служба.



Руф додаде дека 19-годишникот, уапсен вчера во Терниц, Долна Австрија, работел на плановите за нападот од јули. На крајот на јули ја напуштил работата и рекол дека има уште многу планови.

Младото момче, кое е родено во Австрија, со потекло по родители од Македонија, забележително го променило својот изглед и се прилагодило на пропагандата на ИД, пишува ОРФ.

Второто уапсено лице е 17-годишник. Според информациите, тој бил на стадионот Ернст Хапел, каде требало да се одржат концертите на Тејлор Свифт.

И двајцата тинејџери живеат во Терниц, а 17-годишникот неодамна раскинаl со својата девојка.

„Социјалната ситуација на двајцата осомничени бил променета“, рече Руф.

Шефот на Управата за државна безбедност и разузнавање, Омар Хајави-Пирчнер изјави дека при претресот на куќата во Терниц биле пронајдени хемиски супстанци за правење бомби и пропагандни материјали на терористичката организација Исламска држава.

„Тој сакал да се убие себеси и голем број други луѓе со експлозиви, мачети и ножеви“, додаде Хајави-Пирчнер, пренесува ORF.

За потсетување, трите концерти на Тејлор Свифт закажани за денеска, утре и задутре во Виена беа откажани поради планираниот терористички напад на стадионот Ернст Хапел. Се очекуваше околу 195.000 луѓе да присуствуваат на трите концерти на распродадениот стадион Ернст Хапел и уште околу 20.000 фанови да ги слушаат концертите надвор од стадионот. Парите за влезниците ќе им бидат вратени.

Истрагата за планираните напади се уште е во тек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK