Ги навредувала, кубела, ги оставалa да паднат: уапсена воспитувачка во градинка во Милано

Исчезнаа-двајца-штитеници-од-Установа-за-згрижување-деца-полицијата-презема.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

45-годишна воспитувачка била уапсена поради физичкото насилство кое го применувала како би ги заспивала децата во образовна институција во Милано.


Таа малтретирала деца кои одат во дневен престој, односно на возраст од неколку месеци до нешто повеќе од една година.

Според истрагата на италијанската полиција, од 2022 година, таа е одговорна за насилството врз најмалку десет деца, и истото значи дека ги грабала за раце а потоа одеднаш ги оставала да паднат и да се удрат со лицата на подот.

Исто така, според пријавата, таа често „ги навредувала, ги кубела, ги терала да спијат или насилно ги држела за раце и нозе за да не станат од столот или од креветот“.

Алармот го вклучија колегите кои работат со воспитувачката во истата институција, кои случајот го доставија до Дирекцијата за детски услуги на општина Милано, што доведе до покренување жалба.

Веднаш по првата пријава, службениците поставиле камери во градинката каде ги снимиле сите епизоди на „физичко и психичко насилство врз децата.

Камерите снимиле страшни ситуации кога една жена вреска по децата, а потоа силно ги тресе за да ги заспие.

Колегите кажале и дека повеќе гледала во телефонот отколку што се грижела за децата.

Жената моментално е во домашен притвор и чека сослушување.

Колегите ја опишаа како личност без „емпатија кон децата и со постојан гнев“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK