Германската Влада ќе ја претстави првата стратегија за национална безбедност

vlada germanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германската Влада, по неколкумесечни контроверзи, на 14 јуни ќе ја претстави својата прва стратегија за национална безбедност, најави заменик владиниот портпарол Волфганг Бухнер.

Во коалицискиот договор, трипартиската влада на канцеларот Олаф Шолц, составена од Социјалдемократите (СДП), Зелените и Слободните демократи (ФДП), најави дека во првата година од власта ќе претстави „сеопфатна стратегија за национална безбедност“.


Стратегијата ќе биде претставена од Шолц и министерките за надворешни и внатрешни работи Аналена Бербок и Ненси Фесер и министрите за финансии и за одбрана, Кристијан Линднер и Борис Писториус.

Коалицијата првично сакаше да го претстави документот на Минхенската безбедносна конференција во февруари, но тоа никогаш не се случи поради меѓукоалициските спорови. Потоа, од истите причини повторно беше одложено претставувањето на стратегијата.

Стратегијата не предвидува создавање на Совет за национална безбедност, кој би ги координирал одлуките во областа на надворешната политика и безбедноста и да ја преземе оперативната контрола во кризни ситуации. Исто така во Стратегијата нема да се прецизираат односите со одделни земји како Кина. Германската влада планира подоцна да ја претстави својата стратегија за Кина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK