Германската армија за прв пат го употреби моќниот ХИМАРС

HIMARS.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германските воздухопловни сили изведоа голема воена вежба на Алјаска, при што за прв пат го користеа американскиот артилериски систем ХИМАРС, соопшти денеска нивниот портпарол.



Операцијата со употреба на ХИМАРС беше дел од воената вежба „Арктички бранител“. ХИМАРС е мобилен артилериски систем кој се прослави во украинската одбрана од руската инвазија.

Германската влада најави дека за Украина ќе финансира уште три системи на американскиот производител Локхид Мартин. Бундесверот, германската војска, моментално го има системот МАРС, но тие немаат високомобилен систем како ХИМАРС.

„Арктички бранител“ е вежба на воздухопловните сили предводени од Германија. Тој го симулира сценариото за колективна одбрана според членот 5 на НАТО, кој ги обврзува сите членки да го сметаат нападот врз една од нив како напад врз целата алијанса.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK