Германска министерка: Мора да ги депортираме поддржувачите на Хамас

Германска-министерка-Мора-да-ги-депортираме-поддржувачите-на-Хамас.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер рече дека приврзаниците на Хамас треба да бидат депортирани од земјата, во случаи каде што е тоа можно.



Таа најави дека властите внимателно ќе ги следат потенцијалните исламистички напаѓачи. Зградата на еврејската заедница во центарот на Берлин, во која има и синагога и градинка, беше нападната со молотов коктел ноќта меѓу вторникот кон средата.

Канцеларот Олаф Шолц тогаш најави зајакнување на безбедносните мерки околу објектите на еврејската заедница во Германија, пренесува Гардијан.

„Ако можеме да ги депортираме поддржувачите на Хамас, мораме да го направиме тоа“, им рече Фезер на новинарите по разговорот со претставници на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција.

„Нашите безбедносни власти во моментов се уште повеќе фокусирани на исламистичката сцена“, додаде Фезер. Таа го наведе неодамнешниот напад во Брисел како пример за закана што настана поради тензиите предизвикани од конфликтот меѓу Израел и Хамас. Напаѓачот во понеделникот уби двајца шведски државјани во главниот град на Белгија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK