Германската федерална влада преку невладини и меѓународни организации ќе обезбеди 60 милиони евра за обнова на Сирија.
Средствата ќе бидат искористени за образование, помош за деца и поддршка за внатрешно раселените лица, додека германската федерална влада ќе учествува во неколку проекти за помош на Сирија. Сепак, парите нема да бидат директно испратени до сириските власти, јавува ДВ повикувајќи се на министерката за економска соработка и развој на Германија, Свења Шулц.
Според Шулц, хуманитарната ситуација во Сирија по падот на режимот на Асад е катастрофална – 90% од населението живее во сиромаштија и зависи од хуманитарната помош. Голем дел од локалната инфраструктура беше уништена за време на граѓанската војна, која трае од 2011 година.