Германија ја одбележа 70-годишнината од народното востание на Истокот

germanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот Парламент денеска ја одбележа 70-годишнината од народното востание во Источна Германија, кое беше брутално задушено од диктатурата поддржана од Советскиот Сојуз.

Протестите поради влошување на економските услови и политичката репресија започнаа во руралните области, а потоа по неколку месеци кулминираа со повик за генерален штрајк на 16 јуни 1953 година.


Следниот ден, повеќе од половина милион луѓе излегоа на улиците на Берлин и другите градови низ Источна Германија. Околу 50 луѓе беа убиени, а илјадници демонстранти беа уапсени од комунистичката тајна полиција, потпомогната од советските трупи.

Десетици советски војници кои одбија да пукаат врз демонстрантите беа егзекутирани.

Источногерманскиот режим го означи востанието како „фашистички пуч“ поттикнат од Западот, за што нема докази.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во говорот пред Парламентот истакна дека бунтот не беше насочен само против зголемениот притисок врз работниците, ниските плати, високите цени и празните полици.

-Тој беше насочен против стандардизацијата на целото општество, против планираното владеење и присилната колективизација, против државниот надзор, пропагандата и цензурата, против сузбивањето на христијаните, опозиционерите и неконформистите, против диктатурата на една партија, која тврдеше дека е секогаш во право, нагласи Штајнмаер.

Тој додаде дека потрагата по слобода на крајот победила, кога демонстрантите повторно излегоа на улиците во 1989 година, соборувајќи ја диктатурата и доведоа до повторно обединување на Германија една година подоцна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK