Комисијата за одбрана на германскиот Бундестаг одобри два клучни воени проекти за зајакнување на одбранбениот капацитет на земјата, јави ДПА.
Комисијата за одбрана постигна меѓупартиска согласност за купување на израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Arrow 3“, кој е опремен со ракети со долг дострел. Освен тоа, донесена е одлука за набавка на германски систем за противвоздушна одбрана „Iris-T“ со ракети со краток дострел.
За таа цел ќе бидат издвоени 100 милиони евра од специјалниот фонд што лани го најави канцеларот Олаф Шолц како одговор на руската инвазија на Украина.
Германија планира системот „Arrow 3“ да стане дел од европскиот систем за противвоздушна одбрана. Тој може да пресретнува ракети на височина до 100 километри.
Системите Iris-T се успешно користени во Украина, наведува ДПА.