Генералниот секретар на НАТО: Германија да одвои повеќе за армијата

a3c04e2d-23f0-439a-9110-b1870ac7de3c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте изјави денеска во Берлин дека Германија се уште плаќа премалку во воениот буџет.


„Германија за прв пат по три децении прераспределува два отсто од својот БНД за одбраната, а тоа е добро и за Германија и за НАТО, но членките мора да инвестираат повеќе и претпоставувам дека Германија ќе преземе дополнителни чекори во оваа насока“, рече Руте по средбата со канцеларот Олаф Шолц.

Поранешниот холандски премиер додаде дека како премиер знае дека не е секогаш лесно да се издвојат средства за одбрана и помош за Украина, но и двете се неопходни за заедничка безбедност.

Шолц рече дека „одлучно ќе продолжи по патот“ на зголемување на воените трошоци во Германија и ја истакна потребата од дополнително зајакнување на европските членки на НАТО.

„Се работи за тоа да се биде подготвен да се одговори на секоја закана за безбедноста на Европа“, рече Шолц.

Германија годинава ќе одвои 90,6 милијарди евра за одбранбени цели или 2,1 отсто од БДП.

Се очекува дека притисокот врз Германија да ги зголеми трошоците за одбрана во случај Доналд Трамп да дојде на власт во САД може да се засили. Во текот на кампањата, републиканскиот претседателски кандидат постојано повторуваше дека Германија мора „да плати повеќе“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK