Генерал Мили: Украина ќе плати висока цена за контраофанзивата

mark_mili_345435354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина бележи постојан напредок во својата сè уште нова контраофанзива против руските сили, но цената веројатно ќе биде висока, изјави началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.

Тој, на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел, истакна дека „борбите се екстремно насилни и веројатно ќе потраат долго време, а цената ќе биде висока“.


Мили го пофали лидерството, умешноста и моралот на украинските сили и го спореди со Русија.

– Нивното раководство не е нужно кохерентно, моралот на нивните војници не е висок, и тие се во дефанзива, а дури многу од нив не знаат зошто се таму, посочи Мили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK