Г7: Поддржуваме хуманитарни паузи во Газа

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Групата Г7, седумте најразвиени земји во светот, издаде соопштение во кое вели дека поддржува хуманитарни паузи и коридори во Појасот Газа.


„Ја нагласуваме потребата од итна акција за решавање на влошената хуманитарна криза во Газа“, изјавија министрите за надворешни работи на состанокот во Токио.

„Ние поддржуваме хуманитарни паузи и коридори за да се овозможи итно потребната помош, движењето на цивилите и ослободувањето на заложниците.

Во соопштението не се повикува на прекин на огнот.

„Хуманитарните паузи“ се пократки од прекините на огнот, кои генерално се подолги и се дел од политичкиот процес.

Во изјавата, министрите укажаа на правото на Израел да се брани „во согласност со меѓународното право“.

Бајден и Нетанјаху разговараа за прекините на Газа

„Побарав од Бенјамин Нетанјаху тридневна пауза во непријателствата“, изјави американскиот претседател Џо Бајден по телефонскиот разговор со израелскиот премиер.

Бајден го повика Нетанјаху да направи пауза за да овозможи напредок во ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас, но и да го олесни влезот на хуманитарна помош.

Белата куќа објави дека Бајден и Нетанјаху исклучиво разговарале за „тактички паузи“ за време на актуелната криза.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK