Француските медиуми го тужат „Икс“ за наводно користење на нивната содржина без надомест

iks.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Големи француски медиуми, вклучително и Le Monde, Le Figaro и Le Parisien, најавија тужба против социјалната платформа „Икс“ за наводно користење на нивната содржина без плаќање.


Тие француски медиуми рекоа дека „Икс“ им должел средства според правилата кои бараат од дигиталните платформи да им плаќаат на медиумите за дистрибуција на нивната содржина.

Медиумите тврдат дека „Икс“, некогаш познат како „Твитер“, никогаш не се согласил да отвори преговори со нив, за разлика од Гугл и Мета.

Тие го обвинуваат „Икс“, кој е во сопственост на милијардерот Илон Маск, сојузник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, дека не ја почитувал одлуката на Парискиот суд на правдата од мај да ги објави информациите потребни за пресметување на вкупниот долг.

„Приходите од овие права, заедно со инвестициите што на тој начин би им се овозможиле на нивните корисници, се поттик за плуралноста, независноста и квалитетот на медиумите, кои се клучни за слободата на изразување и правото на информирање во нашето демократско општество“, објавија француските медиуми.

Портпаролот на парискиот суд го потврди случајот и го најави сослушувањето на 15 мај следната година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK