Франција: Сопругот ја дрогирал сопругата и десет години регрутирал мажи да ја силуваат

Screenshot-2024-09-05-094749.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сопруг во Франција ја дрогирал сопругата и наводно повикал над 80 странци да ја силуваат во нивниот дом во невидено злосторство кое се случило повеќе од десет години. Судењето кое започна во понеделникот го привлече вниманието на целата земја и целосно го окупираше малото гратче во кое се одвиваше сето тоа.


Околу 50 мажи се обвинети за учество во злоупотреба на жена за која им се суди во Авинкон. Додека се одвиваше процесот пред судот, граѓани облечени во црно го изразија својот протест, згрозени од ситуацијата.

Според увидот на полицијата, Доминик Пелико со години кршел лекови за смирување и апчиња за спиење и ги мешал во вечерата на неговата сопруга со години во нивниот дом во Мазан, Прованса. Таткото на три деца потоа преку форум на интернет регрутирал мажи кои имале фантазија да имаат врска со несвесна личност и ги канел во својот дом.

Им било наложено да не пушат и да не носат парфем за да не ги почуствува неговата сопруга. Во случај неговата сопруга да се помрдне, тие веднаш ќе морале да излезат надвор.

Судијката Рожер Арата ја одобри желбата на жртвата Жизел Пелико судењето да биде јавно, иако и нејзините адвокати се согласија дека ја чека голгота.

„Мојот клиент за прв пат ќе ги види и ќе ги преживее силувањата што ги трпеше повеќе од 10 години“, изјави нејзиниот адвокат за АФП, додавајќи дека не е среќна за ништо и дека вели дека не сака судење зад затворени врати „бидејќи насилниците би сакале“.

Доминик Пелико беше уапсен на 2 ноември 2020 година, откако обезбедувањето на пазарот го фати како снима жени до нивните здолништа. Полицијата пронашла датотека со наслов „злоупотреби“ на УСБ поврзан со неговиот компјутер, во кој имало преку 20.000 слики и видеа од неговата сопруга, која била силувана над 100 пати.

Вината му ја признал и на адвокатот на кого му рекол „Ја заспав, ја понудив и снимав“.

За една година тој имал над 450 апчиња за спиење. На обвинителната клупа со него имало уште 50 луѓе. Обвинетите се на возраст од 26 до 73 години.

Дел од обвинетите ги отфрлија обвинувањата велејќи дека не знаеле дека жената не знаела за зделката и го обвиниле Доминик дека ги измамил. Детективите од снимките не успеале да идентификуваат околу 30 сторители.

Инспекторите рекоа дека жената немала поим дека е жртва на силување и дека била „дрогирана до коматозна состојба“. Едно утро во паника се разбудила со нова фризура бидејќи не можела да се сети дека била на фризер. Имала празнини во меморијата и почнала да се плаши дека има некаква болест, а нејзиното семејство се сомневало на Алцхајмерова болест.

Иако имаше прашања дали судењето на кое ќе се прикажуваат снимките од злосторството треба да биде јавно, петмината судии се согласија дека тоа ќе биде така.

Доминик Пелико е обвинет и за силување и убиство на девојка (23) во Париз во 1991 година. Таа била дрогирана, силувана и избодена. Уште една девојка која имала 19 години била нападната на сличен начин, но успеала да побегне, а полицијата вели дека ДНК профилот се совпаѓа со профилот на Пелико.

Судењето во Авињон се очекува да трае околу четири месеци, а Пелико (71) и останатите обвинети би можеле да бидат осудени на 20 години затвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK