Франција може да се кандидира за домаќин на ЗОИ 2030

francija zoi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Франција може да аплицира за домаќин на Зимските олимписки игри во 2030 година во своите алпски региони, изјави француската министерка за спорт, олимпијада и параолимпијада Амели Удеа-Кастера.

– Француската влада ја поддржува оваа апликација, но во исто време е јасно свесна дека нејзини иницијатори се првенствено два региони и спортско движење. Тие знаат дека можат да сметаат на нашата помош при подготовката на апликацијата, која потоа ќе биде разгледана од градската комисија-домаќин, ја цитира АФП изјавата на Удеа-Кастер.


Според неа, шефовите на регионите Оверњ-Рона-Алпи и Прованса-Алпи-Азурниот брег дале соодветен предлог минатата недела.

Исто така, француските власти имаат намера да ги зголемат наградите за француските спортисти кои ќе освојат медал, како и да ги удвојат наградите за членовите на тимовите што тренирале спортисти.

Во 2024 година Франција ќе биде домаќин на Летните олимписки игри. Претходно, земјата беше домаќин на Зимските игри три пати – во 1924 година во Шамони, 1968 година во Гренобл и 1992 година во Албервил.

Градот домаќин на Олимпијадата во 2030 година ќе биде избран на 142. седница на ИОК во Париз од 23 до 24 јули 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK