Европскиот комесар за дигитални прашања, францускиот комесар Тиери Бретон, испрати писмо до сопственикот Илон Маск, во кое го обвини дека шири лажни вести за актуелните настани во Израел.
Бретон испратил писмо до Маск преку сопствената мрежа.
„По терористичките напади што ги изврши Хамас против Израел, имаме информации врз основа на кои вашата мрежа била користена за ширење на нелегални содржини и дезинформации во ЕУ“, изјави еврокомесарот според медиумите во светот.
Станува збор за бројни видео-снимки кои деновиве, како што стои во написите, слободно кружат низ мрежата, на кои отворено може да се види тортурата на заложниците, осакатените тела при нападот, како и повици на омраза. Обвиненијата за „Х“ се дека сето тоа го прават свесно, за да го зголемат своето присуство и да имаат повеќе следбеници.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен повика на одговорност на социјалните мрежи, посочувајќи дека „не може сè да биде добро за да се заработат пари“, како што е емитувањето грозоморни видеа и содржини со омраза.
„Има нешто што ги надминува парите и профитот“, изјави Дарманен.
Неодамна имаше европска регулатива која ги обврзува мрежите да издвојуваат средства за борба против манипулацијата со информации и содржини кои шират омраза, под закана од санкции. Тие имаат обврска да ги отстранат во рок од 24 часа.
Во понеделникот 700 сомнителни содржини биле сигнализирани до француските власти, а во вторникот 1.400 преку „икс“. Француските власти истовремено ги предупредуваат сите оние кои објавуваат вакви видеа на оваа територија дека ризикуваат затворска казна до 7 години поради пропагирање тероризам.
Маск одговори дека политиката на неговиот куќа е отворена и транспарентна, што е поддржано и од ЕУ. Бара да му биде даден список каде го прекршил законот, за да може јавноста да го види. На крајот се заблагодари на француски. Неговиот говор властите во Франција го оценија за арогантен.
Бретон му одговори на Маск дека и самиот е свесен за глорификацијата на насилството на неговата мрежа и дека на него е да покаже дека го прави она што е потребно за да го спречи тоа. Комесарот ги повика корисниците да се префрлат на новата мрежа „Bluesky“ каде, како што вели, „небото е почисто“.