Франција денеска апелираше до своите државјани во Иран да ја напуштат земјата „што е можно поскоро“ поради тензиите во регионот по смртта на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије и командантот на Хезболах Мохамад Деиф.
„Поради зголемениот ризик од воена ескалација во регионот, апелираме до француските граѓани кои го посетуваат Иран и оние кои се таму, да заминат што е можно поскоро“, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Неколку западни земји ги советуваа граѓаните да не патуваат во Израел и Либан поради страв од ширење на конфликтот.
Израелските сили го убија Деиф во воздушен напад во Бејрут, додека Ханије беше убиен во Техеран во средата.
Хамас и иранските власти го обвинија Израел за убиството и ветија одмазда.
Израелската војска потврди дека го убила Деиф, но Тел Авив ниту призна, ниту негираше дека го убил Ханије.