(Фото+видео) Тотален хаос во Англија: демонстрантите запалија хотел со мигранти

Screenshot-2024-08-04-190449.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поголема група демонстранти против мигрантите денеска нападнаа хотел во англискиот град Ротерам во кој се сместени баратели на азил и го запалија.



Многумина беа обвиени со англиски знамиња, а ги пречекаа учесниците на контра-митингот кои извикуваа слогани за поддршка на мигрантите, пишува Мирор.

Тензиите ескалираа, а видеата на социјалните мрежи покажаа демонстранти како фрлаат предмети кон полицијата, принудувајќи ги да се повлечат.

Демонстрантите потоа ги скршиле стаклата на хотелот, а потоа ја запалиле зградата.

Откако синоќа избија насилни протести ширум Англија, досега се уапсени најмалку 100 лица, а за денеска се најавени нови демонстрации во повеќе градови.

Немири и протести беа предизвикани од напад со нож во градот Саутпорт каде 17-годишник уби три девојчиња на час по танц.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK