Над 130 илјади Шпанци демонстрираа синоќа во Валенсија барајќи оставка од регионалниот претседател Карлос Мазон поради лошата реакција на минатонеделните катастрофални поплави, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, а околу 100 луѓе се водат како исчезнати. Демонстрантите го исполнија центарот на источниот шпански град и извикуваа „Убијци! Ние сме извалкани со кал, вие сте извалкани со крв“.
Демонстрантите ги обвинија локалните власти дека предоцна издале предупредување за поплави.
Дел од присутните се судрија со полицијата кон крајот на демонстрациите.
Полицијата употреби палки за да принуди некои демонстранти да се вратат назад.
Сликите покажуваат дека Градското собрание на Валенсија е измачкано со кал, додека новинската агенција Ројтерс известува дека демонстрантите фрлаат столици и други предмети.
Голем дел од учесниците на протестната прошетка носеа транспаренти и скандираа „Мазон, оставка!“, Други носеа натписи со пораки како „Не’ убивте!“.
130.000 people in Valencia demonstrating for justice and dignity tonight. And demanding the resignation of the right-wing politician Carlos Mazon, head of the government of Valencia.pic.twitter.com/d74IoJCJjg
— SUPPORT ❤ democracy & STOP the global 🌎 far-right (@bkbabler24) November 9, 2024
Мазон е под огромен притисок откако неговата администрација не издаде навремени предупредувања за поплави до граѓаните, кои започнаа ноќта на 29 октомври.
Беа потребни денови за официјалните лица да го мобилизираат военото и полициското засилување што регионалната влада ги побара од централните власти.
Официјалната бројка на загинати е 220, а потрагата по телата на исчезнатите се уште е во тек. Илјадници други ги загубија своите домови и улици се уште се покриени со кал и шут 11 дена по поплавите.
Товарот за чистење на градот и неговата околина падна на волонтерите, меѓу кои беше забележителен тенискиот великан Рафаел Надал, како и многу други познати личности.