(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја


Screenshot-2026-01-10-102216.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како големи и сѐ уште се активни. Над 19.000 домаќинства и објекти се без електрична енергија, јавуваат локалните власти.


Пожарот кај Лонгвуд во централната Викторија сега опфаќа површина од 142.421 хектар.

Портпаролката на Државниот контролен центар оцени дека состојбата во тој регион е „многу динамична“, додека силниот ветер, со удари до 50 км/ч, дополнително ја отежнува работата на пожарникарите.

Досега се уништени повеќе од 130 објекти, но се очекува бројот да се зголеми додека спасувачките екипи го проверуваат теренот. Локалните медиуми јавија дека три лица се водат како исчезнати. Квалитетот на воздухот е „лош“ во околу две третини од државата, а делови од чадот стигнале дури и до Нов Зеланд.

Прогнозите за северниот дел на Викторија предвидуваат температури до 46 степени Целзиусови и силни ветрови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK