(Фото+видео) Хаос во Бангладеш: загинати и повредени на студентските протести, воведен полициски час

Screenshot-2024-07-20-090207.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Бангладеш денеска одлучи да воведе полициски час низ целата земја и да распореди војска поради протестите во земјата.


Официјалната одлука во врска со полицискиот час ќе биде издадена наскоро, изјави прес секретарот на премиерот Наџимул Ислам Кан за Би-Би-Си Бангла, пренесува Ројтерс.

Како што беше претходно објавено, најмалку три лица загинаа денеска кога полицијата ги растури студентските протести кои демонстрираа против владините квоти за вработување и покрај забраната за јавни собири, објавија локалните медиуми.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во некои области, објави Ројтерс.

Новинар на британската агенција рече дека може да види пожари низ главниот град Дака и чад како се издигнува кон небото на неколку места.

Телекомуникациите се во прекин, а каналите за информирање се затворени.

Претходниот ден властите суспендираа некои услуги на мобилни телефони во обид да ги смират немирите.

Бенгалскиот весник „Протом Ало“ објави дека железничкиот сообраќај е прекинат низ целата земја бидејќи демонстрантите ги блокирале патиштата и фрлале цигли врз безбедносните службеници.

За време на вчерашните протести во 47 од 64 окрузи во Бангладеш загинаа 27 лица, а 1.500 беа повредени.

Студентите повикуваат на општа блокада барајќи укинување на одлуката за резервирање квоти во јавниот сектор за децата на оние кои се бореле во војната за независност од Пакистан во 1971 година, а протестите исто така избувнаа поради незадоволството поради високата невработеност.

Во Бангладеш, речиси една петтина од 170 милиони луѓе се без работа или образование.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK