(Фотогалерија) Во Украина денес се празнува Божиќ

Фотогалерија-Во-Украина-денес-се-празнува-Божиќ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес, многу украински православни христијани го слават Божиќ на 25 декември.


Украина традиционално го користеше јулијанскиот календар, кој го користи и Русија, каде Божиќ се паѓа на 7 јануари. Поради руската инвазија, Украина одлучи дополнително да се дистанцира од Москва и „да го напушти руското наследство“.

Претседателот Володимир Зеленски претходно рече дека земјата во иднина ќе го слави Божиќ на 25 декември според западниот, грегоријански календар што го користи во секојдневниот живот.

„Украинскиот народ долго време беше подложен на руската идеологија во речиси сите животни сегменти, па Божиќ се славеше според јулијанскиот календар, на 7 јануари“, се вели во образложението на текстот што беше изгласан кон средината на јули.

Во својата божиќна порака објавена во неделата вечерта, Зеленски рече дека сите Украинци сега се заедно.

„Сите заедно го славиме Божиќ. На ист датум, како едно големо семејство, како еден народ, како една обединета земја“, рече тој.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK