Мал авион во кој според првичните информации биле пилотот и неговата шестгодишна ќерка, вчера се урнал на нива недалеку од Бон во Германија. Девојчето е извлечено од запалените урнатини и со тешки повреди е пренесено во болница, додека нејзиниот татко (51) не можел да се спаси.
Тој вчера попладне со детето полетал од аеродромот Хангелар. Авионот се урнал непосредно по полетувањето, а според очевидци авионот се запалил по падот.
На фотографиите се гледа дека пожарот целосно ја уништил кабината. За време на спасувачката акција беше повреден и човекот кој прв притрча да помогне и исто така беше хоспитализиран.