Најмалку три лица се повредени денеска, од кои едно потешко, кога гром удрил во плажа на италијанскиот јадрански брег, јавуваат медиумите.
Гром удрил на плажата кај Алба Адриатика, во регионот на Абруцо, пренесуваат медиумите и додаваат дека бројот на повредени може да достигне седум.
Фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат спасувачи собрани околу жената на плажата.
Fulmine in spiaggia: tre feriti ad Alba Adriatica, uno è grave https://t.co/PEMRcpFsBB pic.twitter.com/eIXm9kY9A6
— Frank – (leggimarcotravaglio) (@FRANCESCOADDES2) August 3, 2024
Според италијанската агенција АНСА, повредените со хеликоптер биле пренесени во блиската болница.
Цивилната одбрана денеска предупреди на нестабилни временски услови во централниот дел на Италија со можно невреме и чести електрични празнења.