Во сообраќајна несреќа што утрово околу 6:20 часот се случила на Обреновачкиот пат, во близина на Белград, се судрија два автобуси, при што загинаа две лица, а неколкумина се повредени, пренесува Телеграф.
„Ниту еден возач не загина, јас бев меѓу првите што помогнав. Патник во автобусот на Ласта загина, а жена беше исфрлена при ударот, од автобусот на ‘Шевиќ Турс’“, изјави сведок на несреќата.
View this post on Instagram
Во болница во Белград се примени 56 повредени лица. Двајца пациенти се во тешка состојба, а дијагностиката е во тек. Сите капацитети на Ургентниот центар се ставени во функција за итна помош на повредените, пренесуваат српските медиуми.