Патничкиот авион Боинг, кој синоќа полета од Осло кон градот Молде, за малку ќе „слеташе“ во морето откако со полна брзина излета од пистата.
Во моментот на несреќата во авионот имало повеќе од 170 патници и членови на екипажот, а според првите информации нема повредени лица. Од утрово трае истрагата за несреќата која за малку ќе беше огронна трагедија.
Компанијата „Норвегиан“ во четвртокот вечерта соопшти дека временските услови биле причината поради која авионот завршил од пистата. Според нив, меѓу другото имало и налет на ветер, а пистата била лизгава.
„Денеска ќе преземеме различни истражни дејствија што беа во тек по вчерашниот ден. Има различни луѓе кои беа вклучени во инцидентот и кои треба да се истражат“, рече Јирген Молнес, оперативен менаџер во полициската област Мире ог Ромсдал.