(Фото) Беран А. е терористот со потекло од Македонија кој го планирал нападот во Виена

195563.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австриската полиција го објави идентитетот на 19-годишникот кој го планирал нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена. Се работи за Беран А.



Уапсениот 19-годишник, чии родители се по потекло од Македонија, дал отказ на работа на 25 јули со зборовите: „Имам големи планови за иднината“. Тој веќе бил радикализиран, рекоа на прес-конференција во Виена и открија дека терористите имале конкретен план за нападот и дека нападот требало да се случи или вечерва или утре.

„Деветнаесетгодишникот сакаше да предизвика крвопролевање пред стадионот со ножеви, мачети и автомобил и на крајот да се разнесе. Бил во контакт со двајца осомничени помагачи, од кои едниот работел како обезбедување на концертот“ се вели во соопштението за медиумите.

Во куќата на 19-годишникот пронајдено е различно оружје – мачети, ножеви, потоа детонатори, кабли за палење, 21 илјада фалсификувани евра.

Полициски кучиња го пребарувале стадионот, но засега не нашле ништо.

„Кукавичкиот план на терористите бил да убијат што повеќе луѓе надвор од стадионот додека го слушале концертот“, рече Хајави-Пирчнер.

Трите концерти на Тејлор Свифт закажани за денеска, утре и задутре во Виена беа откажани поради планираниот терористички напад на стадионот Ернст Хапел. Се очекуваше околу 195.000 луѓе да присуствуваат на трите концерти на распродадениот стадион Ернст Хапел и уште околу 20.000 фанови да ги слушаат концертите надвор од стадионот. Парите за влезниците ќе им бидат вратени.

Хаијави-Пирчнер на прес-конференцијата рече дека не побарале откажување на концертот и дека новинарите можат да контактираат со организаторите кои ја донеле таа одлука.

Истрагата за планираните напади се уште е во тек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK