­

Фон дер Лајен во Париз: Зајакнувањето на Украина е почетна точка, на Европа и треба долгорочен план


sostanok-pariz.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која исто така е на самитот „коалиција на волните“ во Париз, изјави дека ЕУ работи на зајакнување на безбедноста на Украина, но и на Европа во целина.


„Зајакнување на Украина да може да се одбрани – тоа е почетната точка. Но, ни треба и заеднички, долгорочен план“, рече таа.

Зеленски, Макрон и Стармер одржаа воведна средба во Париз

Володимир Зеленски, Емануел Макрон и Кеир Стармер утрово одржаа кратка средба во Елисејската палата пред пошироката рунда разговори што ќе следи подоцна во текот на денот. Макрон и Стармер се домаќини на состанокот на таканаречената „коалиција на волните“, на кој ќе присуствуваат делегации и лидери од вкупно 31 земја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK