Фон дер Лајен: Продолжувањето на договорот за жито зависи од Русија

ursula_345345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен вчеравечер изјави дека продолжувањето на договорот за извоз на жито од Црното Море зависи од Русија.

„Русија е одговорна за продолжување на договорот или ќе се почувствуваат последиците за глобалната безбедност на храната“, рече таа во Брисел.


Во исто време, фон дер Лајен му се заблагодари на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш „за неговите неуморни напори во врска со договорот за житото од Црното Море“.

Како што беше претходно објавено, Гутереш очекува дека предлозите испратени до рускиот претседател Владимир Путин за иницијативата за извори на жито во Црното Море ќе помогнат да се реши прашањето за продолжувањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK